Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар во Новаци

Почитувани, во прилог ги имате сите потребни документи за аплицирање на повикот за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар во Новаци

Соопштение за одржување на 67ма седница на Совет на општина Новаци

67ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 29.04.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 64-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување  на Записник од 66-та седница на Советот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  4. Разгледување и усвојување на Квартален Извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци за извештајниот период (комулативно) за квартал од 01.01. до 31.03.2025 год.;
  5. Разгледување и усвојување на измена и дополнување на Правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Новаци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди;
  6. Разгледување и усвојување на измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Новаци во областа на Локалниот економски развој во 2025 година;
  7. Разгледување и донесување на измена и дополнување на Решението за членови во составот на Персоналениот штаб за заштита и спасување во ЕЛС Новаци;
  8. Разгледување и усвојување на  измена и дополнување на членови во Општинскиот Совет за социјална заштита на Општина Новаци;
  9. Разгледување и усвојување на Одлука за усвојување на Барање на Општина Могила, Општина Новаци и Општина Битола за вршење на слободен превоз на патници со пониска цена;
  10. Разгледување на Барање за финансиски средства од Здружение на пензионери „Сложни пензионери“  од с. Новаци;
  11. Разгледување на Барање  од Младинска Граѓанска Акција за финансиска помош наменети за акција за чистење и уредување на јавен простор;
  12. Разгледување на Барање  од одделот за Неврологија, Клиничка Болница – Битола за набавка на апарати (ЕКГ, монитор и аспиратор);
  13. Разгледување на Барање  од одделот за Урологија, Клиничка Болница – Битола за набавка на инструменти за работа во операциона сала;
  14. Разгледување на Барање  од  Организациониот одбор на „ПЕЦАК-ПМ 2001“ за финансиски средства за организирање на традиционалниот меморијален фудбалски турнир.
  15. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година

Почитувани, соопштението и сите потребни документи за држување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година, можете да ги најдете на следниот ЛИНК.

Соопштение за одржување на 66та седница на Совет на општина Новаци

66та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 03.04.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 65-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  3. Разгледување и донесување на Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование во Општина Новаци за 2025 год.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за давањe согласност на измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2025год.;
  5. Разгледување на Барање од одбор на манастирот Св. Архангел Гаврил од Тепавци;
  6. Разгледување на Барање за финансиски средства од ЗФК „Далбеговци 2023“ од Далбеговци за натпреварувачка пролетна сезона 2025г;
  7. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 65та седница на Совет на општина Новаци

65та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 25.03.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 62-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување  на Записник од 63-та седница на Советот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2025 год.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за сместување на Младински центар Новаци, во простории кои се сопственост на Општина Новаци;
  5. Разгледување и усвојување  на Завршна сметка на МЈП „Пелалинк“ Битола за 2024 година;
  6. Разгледување и усвојување на Дополнување на Годишна програма за превоз на ученици за подобрување на одржливост и квалитет на превоз на општинските линии на територијата на Општина Новаци за 2025 год.;
  7. Разгледување на Барање за отстапување на патничко возило PEUGEOT EXPERT во сопственост на Општина Новаци за потребите на МЈП „Пелалинк“ Битола;
  8. Разгледување и донесување на Правилник за утврување на начинот, постапката и креитериумите за распределба на финансиски средства од Општина Новаци на програми, проекти, активности, натпревари и манифестации од областа на спортот, културата и поддршка на граѓанскиот сектор;
  9. Разгледување за донирање на финансиски средства на сметка на фонд за солидарност на  на Црвен крст на РСМ, за поддршка за настраданите во пожарот во Кочани;
  10. Разгледување на Барање за донација  за набавка на мебел и опрема од  ЈЗУ Здравствен дом Битола; 
  11. Разгледување на Барање од ЗФК „Пелагонија“ Добромири за финансиски средства за натпреварувачката сезона есен 2025/ пролет 2026;
  12. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 64та седница на Совет на општина Новаци

64та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и донесување  на Завршна сметка на Буџетот  на Општина Новаци за 2024 година;

2. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на Општина Новаци за 2024 година;

3. Разгледување и донесување  на Одлука за именување на член на Училишен одбор на ООУ ,,Славко Лумбарковски,, Новаци;

4. Разгледување и усвојување на  Завршна сметка на ЈПКД „Комунална Хигиена“  Новаци  за 2024 година;

5. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“  Новаци,  за 2024 година;

6. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Новаци за 2024 година;

7. Разгледување и усвојување на Годишен извештај на извршените работи за одржување на локалните водоводи на територијата на Општина Новаци за 2024 година;

8. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на празникот на Општина Новаци „30-ти Март“;

9. Разгледување и донесување  на Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на годишнина од смртта на војводата Ѓорѓи Сугарев;

10. Разгледување на Барање од група жители на Општина Новаци;

11. Разгледување на Барање од ЗФК Пелагонија, Добромири;

12. Разгледување на Барање од Марина Наумовска од Новаци;

13. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 63та седница на Совет на општина Новаци

63та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 12.03.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и донесување  на Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2025 година;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за сопствено учество (кофинансирање) на Општина Новаци за проектот: ,,Реконструкција на улица во Новаци,, во повикот од Бирото за регионален развој преку Центарот за рамномерен регионален развој на Пелагониски плански регион;
  3. Разгледување и донесување  на Одлука за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за возни линии, возен ред и вредност на билет за линиски превоз на патници;
  4. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 62ра седница на Совет на општина Новаци

62ра седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 25.02.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 61-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за следењето на реализацијата на договорот за ЈПП за 2024 година;
  3. Разгледување и усвојување на Листа на имиња за улици во населено место село Новаци, Општина Новаци;
  4. Разгледување и усвојување на Извештајот за извршен попис со состојба на 31.12. 2024г.;
  5. Разгледување и усвојување на измена и дополнување на Извештајот на Комисијата за попис на побарувањата, обврските и паричните средства во благајната на Општина Новаци за 2024 год.;
  6. Разгледување на Иницијатива поднесена од Градоначалникот Стевановски, за финансиска награда на пожарникари од Општина Новаци ангажирани со МОС во ТППЕ – Битола;
  7. Разгледување и донесување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во Општина Новаци за 2025 год.;
  8. Разгледување и донесување на Одлука за надоместок на патни трошоци на родители, жители на Општина Новаци,чии деца ги користат услугите на ОУРС„Кочо Рацин“ Битола;
  9. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на цена за вода за пиење или водоснабдување за регулиран период 2025-2027 година;
  10. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.10.2024 до 31.12.2024 година;
  11. Разгледување и усвојување на Правилникот за возни линии, возен ред и вредност на билет за линиски превоз на патници;
  12. Разгледување и усвојување на Годишни сметки за 2024 год. од ООУ „Славко Лумбарковски “- Новаци;
  13. Разгледување на Барање од Црковниот одбор и жителите на МЗ од с. Градешница за набавка на градежен матерјал на манастирот „Св. Илија“ и црквите: „Св. Атанасије“, „Св. Никола“, „Св. Ѓорѓија“ и „Св. Спас“ во с.Градешница;
  14. Разгледување на Барање од Месна заедница на с.Новаци за набавка на градежен матерјал за изработка на летниковец
  15. Советнички прашања.

Соопштение за организирање на општ јавен повик за одржување на стручна расправа по УП за подрачја и градби од државно значење

Почитувани, ве известуваме дека се организира Општ јавен повик за одржување на стручна расправа со јавна презентација по УП за подрачја и градби од државно значење за Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност над 10MW, на КП бр. 11/5, дел од КП бр. 11/3, КП бр. 11/39 и КП бр. 11/40, м.в. ГОЛЕМО БРДО, КО Арматуш, Општина Новаци

Back to top
Skip to content