Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Известување за средства исплатени за физички лица изложени на социјален ризик, ризици по здравјето и припадници на категории на лица со посебни потреби во 2022 година

Повик за вклучување на млади лица во проектот “Fast Forward”

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот “Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”. Истиот може да го најдете во продолжение:

Интерен оглас бр. 01/2022 за пополнување на работни места со унапредување на административни службеници во општина Новаци

20.01.2023 – Дополнување:

Соопштение за одржување на 21та седница на Совет на општина Новаци

21-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.12.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 20-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и одобрување на Буџетски календар за 2023 год.;
  3. Разгледување на Предлог-Буџетот на Општина Новаци за 2023 год., усвојување на Буџет на Општина Новаци за 2023 год., и донесување на Одлука;
  4. Разгледување на Образложение на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.;
  5. Разгледување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за државните службеници за 2023 год.;
  6. Разгледување на Одлука за одредување на вредноста на бодот за техничкиот персонал за 2023 год.;
  7. Разгледување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2023 год.;
  8. Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Новаци за 2023 год.;
  9. Разгледување и донесување на Програма одржување на локалните водоводи во Општина Новаци за 2023 год.;
  10. Разгледување и донесување на Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини на територијата на Општина Новаци за 2023 год.;
  11. Разгледување и усвојување Програма за работа на Јавното претпријатие за Комунални Дејности „ Комунална Хигиена “– Новаци за 2023 год.;
  12. Разгледување и усвојување на Годишен план за јавни набавки на ЈПКД „Комунална Хигиена“ – Новаци за 2023 год.

Соопштение за одржување на 20та седница на Совет на општина Новаци

20-тата седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 15.12.2022 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 19-та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разглеување и усвојување на Нацрт – Буџет на Општина Новаци за 2023год.;
  3. Разгледување и усвојување на План за изменување и дополнување на Планот на програма за развој – развојна потпрограма „Изградба на индустриска зона “ с.Новаци (бр.14-955/10 од 07.11.2022г);
  4. Разгледување и донесување на Годишен план за јавни набавки на Општина Новаци 2022г.- измена ноември 2022г. (набавка на услуги за Новогодишно украсување);
  5. Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМакедонија на подрачјето на Општина Новаци за 2023год.;
  6. Разгледување и донесување на Програма за активностите на Општина Новаци во областа на Локалниот економски развој во 2023год.;
  7. Разгледување и донесување на Програма и Акционен план за социјална заштита на граѓаните на Општина Новаци за 2023год.;
  8. Разгледување и донесување на Програма за активностите на Општина Новаци во областа на образование за 2023 год.;
  9. Разгледување и донесување на Програма за култура, култутни активности, културни и др. манифестации на Општина Новаци за 2023год.;
  10. Разгледување и донесување на Програма за спроведување на активности на спортските друштва и одржување на спортската  инфраструктура  на Општина Новаци за 2023год.;
  11. Разгледување и донесување на Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2023год.;
  12. Разгледување и донесување на Одлука за кофинансирање на Општина Новаци во проектот:„Подобар квалитет на животот на населението и заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку планирање и инвестиции во комуналната ифраструктура“;
  1. Разгледување на Барање од група жители на село Новаци за градежен матерјал за изработка на настрешница;
  2. Разгледување на Барање од група жители на село Новаци за градежен матерјал за изработка на детски парк од група жители на село Новаци;
  1. Разгледување на Барање од Месна Зедница на село Будимерци за градежен матерјал (цемент) за изградба на базен во црквата „Св. Никола“
  2. Разгледување на Барање од Еколошкото друштво „Кајмакчалан“ с.Маково за финансиска поддршка на проект за заштита на географско потекло (брендирање) на мариовскиот мед;
  3. Разгледување на Барање од Трајче Таневски од с.Бач за поставување на цевка Ф-300 на патот кој води до неговата нива;
  4. Разгледување на Барање од Драги Каранфиловски за решавање на случајот со капелата намената за селата Горно и Долно Агларци;
  5. Разгледување на Барање од Гоце Стојановски од с.Новаци за исплата за извршена работа во соблекувалните на фудбалскиот стадион во с.Новаци;
  6. Советнички прашања.

АНКЕТА ЖИТЕЛИ О.НОВАЦИ

Почитувани жители,

Општина Новаци започна со изработка на Стратегија за локален економски развој.

Вашето мислење е многу важно за изработка на квалитетен документ со цел да ја видиме реалната слика како општината се перцепира од страна на нејзините жители.

Затоа на следниот линк ве молиме да го пополните анкетниот прашалник.

https://s.surveyplanet.com/2sf1bcrp

Back to top
Skip to content