Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 5та седница на Совет на општина Новаци

5та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 25.12.2025 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

1.Разгледување и усвојување на Записникот од 4та седница на Совет на Општина Новаци;
2. Разгледување и донесување на Буџет на општина Новаци за 2026год.;
3. Разгледување и донесување на одлука за извршување на Буџетот на општина Новаци за 2026год.;
4. Разгледување и донесување на Буџетски календар за 2026год.;
5. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на вредноста на бодот на државните службеници во општина Новаци за 2026год;
6. Одлука за утврдување на вредноста на бодот на помошно техничките лица во општина Новаци за 2026год.;
7. Разгледување и донесување на Програма и акциски план за социјална заштита на граѓаните на Општина Новаци за 2026год;  
8. Разгледување и донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Новаци за 2026 год.;  
         9. Разгледување и донесување на Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Новаци за 2026год.;   
10. Разгледување и донесување на Прогама за образование на општина Новаци за 2026;
11. Разгледување и донесување на Програма за еднакви можности на мажите и жените на општина Новаци за 2026год.;
12.Разгледување и одобрување на акционен план и програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за подрачјето на територијата на општина Новаци за 2026год.
13. Разгледување и донесување одлука за одобрување финансиски средства за одбележување на новата 2026 година и празникот Богојавление Водици;
14. Разгледување и усвојување на Годишна програма за превоз на ученици и финансиска анализа на општински и меѓуопштински превоз на територијата на Општина Битола, Општина Новаци и Општина Могила – 2026 година;
15. Разгледување и донесување на одлука за усвојување Годишна програма за работа на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за 2026год.;
16. Разгледување и донесување одлука за усвојување на финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци за период од 01.01.2025 до 31.09.2025год.;
17. Разгледување и донесување на одлука за давање на согласност за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈПКД „Комунална Хигиена“ Новаци;
18.Разгледување на барања за еднократна парична помош;
19.Советнички прашања;

Соопштение за одржување на 4та седница на Совет на општина Новаци

4та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 15.12.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

1.Разгледување и усвојување на Записникот од 3та седница на Совет на Општина Новаци;
2.Разгледување и усвојување на Нацрт-Буџет на Општина Новаци за2026 год;
3.Разгледување и донесување  на План на програма за развој на Општина Новаци за период од 2026-2028 год.;  
4.Разгледување и усвојување на Програма за животна средина;  
5.Разгледување и усвојување Програма за активностите на Општина Новаци во областа на Локален економски развој во 2026 година; 
6. Разгледување и усвојување Програма за култура, културни активности, културни и други манифестации на Општина Новаци за 2026 година;
7. Разгледување и усвојување Програма за спорт (за спроведување на активности на спортските друштва и одржување на спортската инфраструктура во Општина Новаци за 2026 година);
8. Разгледување и усвојување Програма за одржување на јавна чистота (јавни површини, паркови, зеленило и рекреативни површини) на територијата на Општина Новаци за 2026 година;
9. Разгледување и усвојување Програма за локални водоводи на територија на Општина Новаци за 2026 година;
10.Разгледување и усвојување на Програма за  заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати  на јавни површини без присуство на сопственикот за 2026 година;
11.Разгледување и усвојување на План за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати  на јавни површини без присуство на сопственикот за 2026 година;
12. Разгледување и донесување на Одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Битола (Противпожарна заштита);
13.Разгледување и донесување Одлука за именување на членви во персонален состав на штабот за заштита и спасување;
14. Разгледување и донесување Одлука за поставување команда и командир на универзална единица во јачина на вод;
15.Разгледување и донесување на Одлука за донесување на Преглед на пероснален состав на Универзална единица во јачина на вод за заштита и спасување;
16. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за учество на јавниот повик и реализација на 6.Програма за работно ангажирање-Јавни работи, финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување на РС Македонија;
17.Разгледување на Барање за согласнот за поставување на гумени блокатори пред МКЦ Новаци;
18.Разгледување на Иницијатива од  Спортско Здружение „Бори се за целта“ Битола до Општина Новаци; 
19. Донесување на Одлука за именување на вршители на должност (ВД) членови на Управен одбор на ЈПКД ,,Комунална хигиена“ - Новаци;
20. Донесување на Одлука за именување на вршители на должност (ВД) членови на Надзорен одбор на ЈПКД „Комунална хигиена“ - Новаци;
21. Донесување на Одлука за именување на вршители на должност (ВД) членови на Управен одбор на ЈОУДГ „Бамби“- Новаци;
22.Донесување на Одлука за именување на вршители на должност (ВД) членови на Надзорен одбор на ЈОУДГ „Бамби“ - Новаци;
23.Разгледување на барања за еднократна парична помош;
24.Советнички прашања;

Соопштение за одржување на 3та седница на Совет на општина Новаци

3та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 28.11.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 2ра седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за формирање Комисија за елементарни непогоди;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за определување на пазарна вредност на градежното и земјоделското земјиште на територијата на Општина Новаци по зони и катастарски општини според просечната цена на извршени купопродажби во претходната година;
  5. Разгледување и донесување на Правилник за условите, критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
  6. Разгледување и донесување на Одлука за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош на физички лица;
  7. Разгледување и донесување на Листа на имиња за улици во населено место с.Новаци, Општина Новаци и донесување на Одлука за усвојување на листата на имиња за улици;
  8. Разгледување и усвојување на Извештајот за манифестацијата ,,Фестивал на жетвата” Новаци 2025;
  9. Разгледување и донесување на Одлука за давање на Согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на МЈП ,,Пелалинк” Битола;
  10. Разгледување на Изјава за оставка на член на Управен одбор на МЈП ,,Пелалинк” –Битола и донесување на Одлука за разрешување и именување на вршител на должност (ВД) член на Управен одбор на МЈП Пелалинк – Битола;
  11. Разгледување на Барање/Изјава за оставка на член на Надзорен одбор на МЈП ,,Пелалинк” –Битола и донесување на Одлука за разрешување и именување на вршител на должност (ВД) член на Надзорен одбор на МЈП Пелалинк – Битола;
  12. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 2та седница на Совет на општина Новаци

2та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.11.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 1ва конститутивна седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Програма за зимско одржување на проодноста на општинските патишта и улици на територијата на Општина Новаци за сезоната 2025/26;
  3. Разгледување и донесување  на План на програма за развој на Општина Новаци за период од 2025-2027 год.;
  4. Разгледување и донесување  на План на програма за развој на Општина Новаци за период од 2026-2028 год.; 
  5. Разгледување и донесување  на Одлука за пренамена на средства на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.; 
  6. Разгледување на Барање од Пелагониско-научни средби 2025 год;
  7. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 1ва конститутивна седница на Совет на општина Новаци

1та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 07.11.2025 година со почеток во 10:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлагање на членови за Комисија за верификација и донесување на Одлука;
  2. Донесување на Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на Општина Новаци;
    3. Предлагање и избор на Претседател на Советот на Општина Новаци;
  3. Предлагање на членови за Комисија за мандатни прашања, избори и именувања и донесување на Одлука;
  4. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за статут и прописи;
  5. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој;
  6. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
  7. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за јавни и комунални дејности;
  8. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
  9. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
  10. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија;
  11. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за месна самоуправа;
  12. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за елементарни непогоди;
  13. Донесување на Одлука за формирање на Комисија за склучување на бракови во Општина Новаци.

Седницата ќе се одржи на 07.11.2025 год. /петок/ со почеток во 10:00 часот, во просториите на Општина Новаци.

Конкурс за ангажирање на 10 Негователи/ки за помош и нега на стари лица

Почитувани, во тек е конкурс за ангажирање на 10 Негователи/ки за помош и нега на стари лица. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Општина Новаци и/или Општинската организација на Црвен крст Битола секој работен ден од 08 до 15  часот. За подетални информации контактирајте не на тел. 047-236-019 од Пон до Пет од 08 до 16 часот.

Јавен повик за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Будимирци, Општина Новаци за плански период 2021 – 2031 година

Почитувани, известувањето и соодветната документација за повторната Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Будимирци го имате на следниот ЛИНК.

Соопштение за Јавен Увид на Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност до 5MW на КП 468, КП 469 и дел од КП 488 КО Новаци вон град – Општина Новаци

Соопштение за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Новаци, Општина Новаци за плански период од 2022 – 2032 година

Почитувани, соопштението и сите потребни документи за одржување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Новаци, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година, можете да ги најдете на следниот ЛИНК.

Back to top
Skip to content