Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 9та седница на Совет на општина Новаци

9та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.03.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојвање на Годишен извештај на Општина Новаци за 2025 година;

2. Разгледување и усвојвање на Годишен извештај за работењето на МЈП Пелалинк за 2025 година;

3. Разгледување на предлог-листа за расходовање на ситен инвентар и ствари во сопственост на општина Новаци;

4. Разгледување на предлог-листа за давање на трајно користење на инвентар и ствари кои се дадени во други објекти и институции;

5. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на приоритет – Изградба и осветлување на пешачка патека во с.Зовиќ;

6. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на приоритет – Изградба на осветлување на Индустриска Новопроектирана улица 3 Општина Новаци;

7. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на приоритет – Инсталација на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на ООУ „Славко Лумбарковски,, Општина Новаци;

8. Разгледување и донесување на Одлука сопствено учество во проект – Изградба и осветлување на пешачка патека до мостот во с. Зовиќ, Општина Новаци;

9. Разгледување и донесување на Одлука сопствено учество во проект – Изградба на осветлување на Индустриска Новопроектирана улица 3;

10. Разгледување и донесување на Одлука сопствено учество во проект – Инсталација на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на ООУ „Славко Лумбарковски“ – с.Новаци;

11. Разгледување и донесување на Одлука сопствено учество во проект – Подобрување на енергетската ефикасност преку инсталирање на топлинска пумпа во ООУ ,,Славко Лумбарковски,, во Општина Новаци;

12. Разгледување на Барање од Марина Наумовска од с.Новаци;

13. Разгледување на Барање за донација за манастир св.„Димитрија“ с.Брник;

14. Разгледување на Барања за еднократна парична помош;

15. Советнички прашања;

Соопштение за одржување на 8ма седница на Совет на општина Новаци

8та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 05.03.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1.Разгледување и усвојување на Записникот од 7та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на Одлука за изменување и дополнувањена Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Новаци за 2026 година;

3. Разгледување и донесување Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за користење на службени мобилни телефони за Градоначалникот, советниците и вработените во општинската администрација на Општина Новаци;

4.Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на Извештај за извршен годишен попис во Општина Новаци со состојба на 31.12.2025година;

5. Разгледување и донесување на Одлука за отпочнување на процесот на ажурирање на Процената на загрозеноста на подрачјето на Општина Новаци од сите ризици и опасности;

6. Разгледување и донесување на Одлука за именување на членови на Управен одбор на ЈОУДГ „Бамби“- Новаци;

7. Разгледување и донесување на Одлука за именување на членови на Надзорен одбор на ЈОУДГ „Бамби“ – Новаци;

8. Разгледување на Барање за финансиска подршка од Здружение „Младинска граѓанска акција“ Новаци;

9. Разгледување на Барање за одобрување на финансиски средства од Здружение на хуманитарни возрасни граѓани на Општина Новаци „Сложни граѓани Новаци“;

10. Разгледување на Барање за финансиска помош за опремување на младински и кариерен центар од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола;

11. Разгледување на Барање за финансиска помош за елементарна непогода во Општина Кичево;

12. Разгледување на Известување и Барање од Заедница на Срби во Македонија;

13. Разгледување на Барање од Марина Наумовска од с.Новаци;

14. Разгледување на Барања за еднократна парична помош;

15. Советнички прашања;

Општина Новаци објавува литературен и ликовен конкурс

По повод одбележувањето на 30 години јубилеј од постоењето и успешното функционирање на Општина Новаци, Општина Новаци објавува Литературен и ликовен конкурс, како дел од свечената програма за јубилејот. Под мотото „Време впишано во збор и слика – 30 години Општина Новаци создава вредности ,– сведоци на времето, корени, визија, иднина “, конкурсот има за цел да го поттикне и афирмира уметничкото творештво, преку литературниот израз и ликовната уметност, како сведоштво за културниот развој, идентитетот и заедништвото на нашата општина. Право на учество имаат сите заинтересирани автори и уметници. Избраните творби ќе бидат претставени на свечениот настан организиран во чест на јубилејот на Општина Новаци на 30.03.2026 година. Доставувањето на творбите се прави во затворен плик со шифра на авторот најдоцна до 06.03.2026 година во Општина Новаци, со назнака за литературен и ликовен конкурс. Општина Новаци ги поканува сите љубители на уметноста и пишаниот збор да бидат дел од ова јубилејно културно чествување и заедно да оставиме трага во збор и боја. За првите три најдобри творби предвидени се симболични парични награди.

Соопштение за одржување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Гермијан, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година

Почитувани, соопштението и сите пропратни документи за држување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Гермијан, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година ги имате подолу:

Соопштение за одржување на 7ма седница на Совет на општина Новаци

7ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 13.02.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од 6та седница на Совет на Општина Новаци;
  2. Разгледување на Барање од совет на Општина Новаци за ревизија на ЗФК ,,Новаци 2005”;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за објавување на литературен и ликовен конкурс на Општина Новаци;
  4. Разгледување и донесување Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект “Green Pre-Incubators for Just Transition”;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација (Тони Котевски од с.Новаци)
  6. Разгледување и донесување на Одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идна урбанистичко – планска документација (Општина Новаци – с.Новаци)
  7. Разгледување на Барање за финансиска подршка од Здружение „Младинска граѓанска акција“ Новаци;
  8. Разгледување на Барање за одобрување на финансиски средства од Здружение на хуманитарни возрасни граѓани на Општина Новаци „Сложни граѓани Новаци“;
  9. Разгледување на предлог иницијатива до Општина Новаци за реализација на проект „Биди своја – мајки и деца“; од Спортско Здружение „Бори се за целта“ Битола;
  10. Разгледување на Барања за еднократна парична помош;
  11. Советнички прашања;

Соопштение за одржување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година

Почитувани, соопштението и сите пропратни документи за држување на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета по урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022-2032 година ги имате подолу:

Јавен повик – Субвенции за возачки дозволи 2026 година

Почитувани жители на о.Новаци, Општина Новаци повторно објавува јавен повик за користење на финансиски средства за субвенционирање на возачки дозволи за млади лица од општината. Јавниот повик и останатите документи ги имате во прилог.

Јавен повик за организирање на ПОВТОРНА Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Новаци

Почитувани, во продолжение ја имате соодветната документација за Јавниот повик за организирање на ПОВТОРНА Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Новаци, Општина Новаци за плански период 2022 – 2032 година.

Соопштение за одржување на 6та седница на Совет на општина Новаци

6та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 27.01.2026 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

1. Разгледување и усвојување на Записникот од 5та седница на Совет на Општина Новаци;

2. Разгледување и донесување на Програма за работа на Советот на Општина Новаци за 2026 година;   

3. Разгледување Заклучок за утврдување на неуредност на Предлогот  за покренувње на Граѓанска иницијатива за спроведување на референдум на локално ниво;    

4. Разгледување на Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања за добивање на субвенција на млади лица до 26 години – жители на Општина Новаци, за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија;                                                                                                

5. Разгледување и донесување на  Програма за еднакви можности на мажите и женитe;    

6. Разгледување на Барање за изведување на градежни активности во црквата св.Никола с.Брод;                                                                                                           

7. Разгледување на Барања за еднократна парична помош;                              

8. Советнички прашања.

Back to top
Skip to content