Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Огласи и соопштенија

Соопштение за одржување на 74та седница на Совет на општина Новаци

74та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 06.08.2025 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 год. од ЈПКД „Комунална хигиена“ Новаци;
  2. Разгледување на Барање од Месна заедница на с. Долно Орехово за набавка на бехатон плочки за дворот на црквата „Св. Тодор“;
  3. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства од здружение на жени „Силата на бабата“, Новаци; 
  4. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“ со дополнително образложение;
  5. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  6. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
  7. Советнички прашања.

Дополнување:  Барања  за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.

  • Разгледување на Барање од Снежана Митревска од с. Новаци, домаќинство во социјален ризик;
  • Разгледување на Барање од Славица Стефановска од с. Рибарци, лице со здравствени проблеми;
  • Разгледување на Барање од Драгица Тодоческа од с. Добромири, лице со здравствени проблеми.

Соопштение за одржување на 73та седница на Совет на општина Новаци

73та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.07.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 72-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на измена на Програмата за образование во Општина Новаци за 2025 година;
  3. Разгледување и донесување на План за развојни програми;
  4. Разгледување и донесување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2025 год;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за формирање на заедничка комисија за воспоставување на Меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Ресен;
  6. Разгледување и донесување Решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
  7. Разгледување и донесување на Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Новаци и Општина Ресен;
  8. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за период од 01.04.2025 до 30.06.2025 година;
  9. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 година на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола;
  10. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за организирање на настан „Музички излет во природа“;
  11. Разгледување и усвојување на Годишна програма за работа на Младинскиот центар во Општина Новаци за 2025 година;
  12. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“ со дополнително образложение;
  13. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  14. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
  15. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 72ра седница на Совет на општина Новаци

72та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 17.07.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Разгледување и усвојување на Записник од 71-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Новаци, за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 30.06.2025 година;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект„ DIGITAL ENHANCEMENT OF CURTURAL HERITAGE AND TOURISM“ – акроним „TOUR- HUB“;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност за имплементација на одобрениот проект „Еmergency communication enhancement for resilience to natural risk and recovery from disasters“ – акроним „CRECALE“;
  5. Разгледување на Барање од здружение „Младинска Граѓанска Акција“ за пренамена на просторија во Младинскиот центар;
  6. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „ Новаци 2011“;
  7. Разгледување на Барање од ЗФК „Новаци 2011“ за финасиски средства за натпреварувачката 2025/2026 сезона;
  8. Разгледување на Годишен извештај за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“, Новаци, за учебната 2024/2025 година;
  9. Разгледување на Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“, Новаци, за учебната 2025/2026 година;
  10. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 06.08.2024 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“;
  11. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  12. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).
  13. Советнички прашања.

Соопштение за одржување на 71ва седница на Совет на општина Новаци

71ва седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 09.07.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 70-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување на процена за потребата од воспоставување на Меѓуопштинска соработка со Општина Ресен;
  3. Разгледување на Предлог за воспостваување на Меѓуопштинска соработка со Општина Ресен и донесување на Одлука;
  4. Разгледување на Понуда за соработка и Барање за финансиски средства од НУ Центар за култура, Битола за реализација на „Илинденски караван“ во состав на  фестивалот „Илинденски денови“ Битола;
  5. Разгледување на Барање за финансиски средства од ЗФК „Далбеговци“ за натпреварување во натпреварувачката сезона 2025/ 2026 год.;
  6. Разгледување на Извештај за потрошени финансиски средства во период од 01.01.2025 до 31.05.2025 год. од „ЗФК Новаци 2005“;
  7. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  8. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).

Соопштение за одржување на 70та седница на Совет на општина Новаци

70та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 26.06.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 69-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2025 год.;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за прифаќање на донација од „СТОЛБ“ ДООЕЛ, Битола;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на комбинирани паралелки од I до V одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2025/26 год.;
  5. Разгледување и донесување на Одлука за давање на согласност на Преглед за формирање на чисти паралелки од I до IX одделение во ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2025/26 год.;
  6. Разгледување и усвојување на Годишен план за вработување за 2026 година на ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци;
  7. Разгледување и усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈПКД „Комунална хигиена“, Новаци за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 год.;
  8. Разгледување на Барање за финасиски средства од Одделение за одбрана за регион Битола за организирање на меморијалниот турнир „Влатко, Благојче и Пеце 2001“;
  9. Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор на параклис – манастир „Св. Илија“, Новаци;
  10. Разгледување на Барање за набавка на градежни и електро матерјали од Управен одбор на манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“, Новаци ;
  11. Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор на манастирот „Св. Атанасиј Велики“, с. Старавина;
  12. Разгледување на Барање за набавка на градежни матерјали од Црковен одбор и месна заедница на с. Гермијан за изградба на помошна просторија во манастирот „Св. Климент Охридски“ с. Гермијан;
  13. Разгледување на Барање за финансиска поддршка од Огранок на пензионери, Општина Новаци, за остварување на програмските активности за 2025 год.;
  14. Разгледување на Барање за финансиска поддршка од Здружение на воени инвалиди и ветерани „Братство 2001“- Битола;
  15. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год. (есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци;
  16. Разгледување на Финансиска програма за 2025 год.(есенски дел) од ЗФК „Новаци 2005“, Новаци (младинска школа).

Соопштение за одржување на 69та седница на Совет на општина Новаци

69та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 30.05.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 68-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување на Предлог граѓанска иницијатива за распишување на локален референдум во Општина Новаци доставена од Претседателот на Советот на Општина Новаци;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за утврдување на висината на стапките на данок на имот, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности во Општина Новаци;
  4. Разгледување на финансиски извештај за првиот квартал од работењето на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ Битола за 2025 година;
  5. Разгледување на Барање од Добре Котевски од с. Добромири, за набавка на ортопедско помагало за неговиот син Ѓорги, лице со посебни потреби;
  6. Разгледување на Барање за набавка на градежен матерјал од манастирскиот одбор  на манастирот „Св. Петар и Павле“ од  с. Рапеш;
  7. Советнички прашања.

Јавен повик – Субвенции за возачки дозволи

Почитувани жители на о.Новаци, Општина Новаци објавува јавен повик за користење на финансиски средства за субвенционирање на возачки дозволи за млади лица од општината. Јавниот повик и останатите документи ги имате во прилог.

Соопштение за организирање на општ јавен повик за одржување на стручна расправа со јавна презентација по УП за изградба на фотоволтаична електрана – КО Арматуш, о.Новаци

Почитувани, во продолжение го имате соопштението и останатата документација за одржувањето на стручна расправа со јавна презентација по УП за подрачја и градби од државно значење за изградба на фотоволтаична електрана (за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет над 10 MW) на КП 44/4 и КП 47/5, КО Арматуш, Општина Новаци.

Соопштение за одржување на 68ма седница на Совет на општина Новаци

68ма седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 16.05.2025 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на општинската зграда.

ДНЕВЕН  РЕД

  1. Разгледување и усвојување  на Записник од 67-та седница на Советот на Општина Новаци;
  2. Разгледување и донесување на Правилник за критериумите и постапката за реализација на трансфери по поднесени барања за добивање на субвенција на млади лица до 26 години -жители на Општина Новаци, за обука, полагање и добивање на возачка дозвола од Б категорија;
  3. Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финасиски средства за организирање на „Фестивалот на жетвата 2025“ ;
  4. Разгледување и донесување на Одлука за примање на донација за организирање на „Фестивалот на жетвата 2025“
  5. Разгледување на Барање од Црковен одбор  на црквата „Св. Богородица“ во с. Паралово, за набавка на градежен матерјал, потребен за реставрација на покривот на црквата;
  6. Разгледување на Барање од Огранок на пензионери на Општина Новаци, за финансиска поддршка за реализација на тековните потреби на огранокот;
  7. Разгледување на Предлог граѓанска иницијатива за распишување на локален референдум во Општина Новаци;
  8. Советнички прашања.

Објава 1/2025 – Продажба на градежно земјиште

Почитувани, Општина Новаци објавува електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште (градежна парцела 1.2, составена од катастарска парцела КП 1394/14; градежна парцела 1.3, составена од катастарска парцела КП 1394/15; градежна парцела 1.11, составена од катастарска парцела КП 1394/23; градежна парцела 1.13, составена од катастарска парцела 1394/25 и градежна парцела 1.16, составена од катастарска парцела 1394/28), сопственост на Република Северна Македонија, предвидено за изградба на објекти со намена: Г2 – Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија врз основа на донесен УПВНМ за изградба на објекти со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, КО Новаци – вон град, Општина Новаци со технички број 85/2021 од Ноември 2023 година.

Back to top
Skip to content