Соопштение за одржување на 36та седница на Совет на општина Новаци
36-та седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи на ден 31.10.2023 година со почеток во 10:00 часот, во просториите на општинската зграда.
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Ребаланс на Буџетот на Општина Новаци за 2023 г. и донесување на Одлука;
- Разгледување на Финансиски извештај за работењето на ЗУСК „Славко Лумбарковски“ – Новаци за учебната 2022/23 год. и донесување на Одлука;
- Разгледување на Барање од ЗУСК „Славко Лумбарковски“- Новаци за финансиски средства за реализација на физичките активностите во учебната 2023/24 год ;
- Советнички прашања.