Огласи и соопштенија
Јавен повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Будимирци
Почитувани, во продолжение го имате Јавниот повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Будимирци, Општина Новаци за плански период 2021 – 2031 година, Предлог планот – Урбанистички план за село Будимирци и Анкетниот лист.
Јавниот повик ќе трае 15 денови, почнувајќи од 10.08.2023 и истиот ќе трае до 26.08.2023 година, додека Јавната анкета ќе трае 30 денови од денот на објавувањето на Соопштението и тоа од 01.09.2023 до 03.10.2023 година.
Јавен повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Рибарци
Почитувани, во продолжение го имате Јавниот повик за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Урбанистички план за село Рибарци, Општина Новаци за плански период 2022 – 2032 година, Предлог планот – Урбанистички план за село Рибарци и Анкетниот лист.
Јавниот повик ќе трае 15 денови, почнувајќи од 10.08.2023 и истиот ќе трае до 26.08.2023 година, додека Јавната анкета ќе трае 30 денови од денот на објавувањето на Соопштението и тоа од 01.09.2023 до 03.10.2023 година.
Јавен оглас за вработување на даватели на услуги – Возач на автобус за јавен превоз
Почитувани, подолу може да го најдете јавниот оглас и пријавата за вработување на даватели на услуги – Возачи на автобус за јавен превоз, објавен од страна на МЈП ПЕЛАЛИНК Битола.
Соопштение за одржување на 32ра седница на Совет на општина Новаци
ДНЕВЕН РЕД
- Разгледување и усвојување на Записникот од 31-та седница на Совет на Општина Новаци;
- Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на тромесечен извештај за извршување на Буџетот на Општина Новаци за период од 01.01.2023г. до 30.06.2023г. (втор квартал);
- Разгледување и донесување на Одлука за пренамена на средствата во Буџетот на Општина Новаци за 2023 година;
- Разгледување и усвојување на Извештај за потрошени финансиски средства од ЗФК „Новаци 2005“ – Новаци во вкупен износ од 1.874.500,00 ден., заклучно до 06.07.2023г.;
- Разгледување и донесување на Одлука за одобрување на финансиски средства за престојување на преставници од Општина Новаци во Општина Дуги Рад, Република Хрватска;
- Разгледување на Барање од Општинска организација на Црвен Крст – Битола за финансиски средства за медицинско обезбедување на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“-Новаци;
- Разгледување на Барање од Месна заедница на село Добромири за матерјална помош на семејството на Теодора Јолевска, дете со посебни потреби;
- Разгледување на Барање од ФК „ Далбеговци“ за финансиски средства за учество во есенскиот дел од натпреарувачката сезона 2023/2024;
- Советнички прашања.
Дополнување: Барања за финансиска помош од физички лица по предлог на Комисијата за доделување на еднократна парична помош.